Ставревски очечува зголемени инвестиции од Турција

Турција и Македонија немаат отворени парашања. Тие се две пријателски земји кои и во иднина ќе имаат исклучително добри стратегиски и политички и економски односи, оценува вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески кој престојува во Турција каде учествува на пролетните средби на Европската банка за обнова и развој.
Тој смета дека има добри можности за зголемување на инвестициите од Турција.
Годишното собрание на ЕБОР во Истанбул оваа година е посветено на растот, односно како да се поттикне економскиот раст. Посочи дека политиките што ги предлага ЕБОР за подобрување на бизнис климата Македонија ги спроведува со години.