Ердоган: Сирија употребила хемиско оружје

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган за американската телевизија „НБЦ Њуз“ изјави дека верува оти Сирија употребила хемиско оружје и со тоа ја поминала „црвената линија“ поставена од американскиот претседател Барак Обама.„Сакаме САД да преземат поголема одговорност и да преземат понатамошни чекори, а кои чекори ќе ги преземат, за тоа ќе разговараме“, наведе Ердоган, кој ќе се сретне со Обама на 16 мај. Ердоган тврди дека во турските болници има сириски пациенти кои покажуваат знаци дека биле жртви на хемиско оружје, а пронајдени се и „остатоци од ракети“ за кои се верува дека се користени во тие напади.