Протести во Белград против договорот со Приштина

Неколку илјаду луѓе се собрале денеска на Плоштадот на Републиката во Белград на митинг против договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово. На протест повикаа 4 општини од северот на Косово, каде што претежно живеат срби. Демонстрантите носат знамиња на Србија, на Демократската партија на Србија и на десничарското движење “Наши”, како и пароли против највисоките функционери на Србија.