Меркел во ненајавена посета на Авганистан

Германската канцеларка Ангела Меркел пристигна во ненајавена посета на Авганистан. Таа во придружба на германскиот министер за одбрана пристигна во северниот дел на Авганистан каде што е стационирана германската воена база. Посетата следува по 6 дена откако беше убиен еден германски војник при судир со талибанските милитанти. Станува збор за прв смртен случај во редовите на германските војници во последниве две години во Авганистан. Германските 4300 војници треба да го напуштат Авганистан до крајот на 2014 година.