Полицијата во Бостон не била информирана за руските предупредувања

Полицискиот комесар во Бостон Едвард Дејвис изјави дека неговиот оддел никогаш не бил информиран за предупредувањето од руските разузнавачи за еден од осомничените за нападите за време на маратонот. Тој на сослушувањето во Конгресот истакна дека не бил запознаен со предупредувањето за браќата Царнаевикои се обинети дека ги поставиле бомбите, при што на 15 април загинаа три лица. Поранешниот сенатор Џозеф Либерман изјави дека верува оти било можно „ случувањата да се превенираат “ доколку американските агенции комуницираат ефикасно меѓусебе. ФБИ и ЦИА одделно добиле предупредување од руската влада во 2011 година дека Тамерлан Царнаев можно е да е исламски милитант.