Најголемата банкарска кражба во историјата тежи 45 милиони долари

Американските власти соопштија дека група на лица со компјутерскиот криминал спроведен преку неовластен влез во база на дата податоците на банкарски картички украле над 45 милиони долари во повеќе од 25 земји. Тоа една од најголемите банкарски кражби во историјата. САД, Германија, Франција, Британија, Италија, Јапонија, Пакистан, Романија и Русија се држави каде што осомничените од банкомати биле повлекувале пари. Американските обвинители соопштија дека операцијата била спроведена во две фази, првата во декември а втората во февруари. Полицијата притиворила 7 луѓе кои се обвинети за учество во криминалниот синџир, во ќелијата во Њујорк. Тие се обвинети дека за помалку од еден ден повлекле 2,8 милиони долари од туѓи банкарски картички.