Пронајдени унгарските туристи

Тројцата унгарски туристи по кои полицијата започна потрага се живи и здрави. Тие биле пронајдени на Охридското Езеро заедно со нивните кајаци на потегот помеѓу автокампот Градиште и селото Радожда.
Туристите поради неповолните временски услови вчера не се вратиле во автокампот „Градиште“ каде било паркирано нивното возило. Според полицијата, за случајот била информирана и Амбасадата на Унгарија во Македонија.