Ставревски на годишните средби на ЕБОР во Турција

Министерот за финансии Зоран Ставрески

Министерот за финансии Зоран Ставрески денеска и утре учествува на 22 годишни средби на Европската банка за обнова и развој во Истанбул. Темата на овогодинешните средби е „Со иновација до развој” и се однесува на приспособувањето на понудата на пазарите на турбулентните економски услови и градење на поголема конкурентност на економиите.
Годишните средби ќе ги отвори турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на кои учествуваат стотици државници и истакнати бизнисмени од целиот свет.