Карзаи-САД сакаат да задржат 9 воени бази по 2014

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи

Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави денеска дека САД сакаат да задржат девет воени бази во Авганистан по планираното повлекување на странските сили од земјата на крајот на наредната година.
Карзаи поставил низа услови за одобрување на барањето. Тој порача дека сака САД да ги интензивираат напорите во мировниот процес со талибанците, да ги зајакнат авганистанските безбедносни сили, да помогнат во развојот на економијата и да обезбедат помош во управувањето со земјата.