Филе: европерспектива за Западен Балкан

Штефан Филе

„Сите земји од Западен Балкан имаат јасна перспектива за европска интеграција, но таа бара вистинска определба и напори за воведување на европските стандарди и вредности“, порача еврокомесарот за проширување Штефан Филе во обраќањето до граѓаните на државите од регионот по повод Денот на Европа. Според Филе, перспективата за европска интеграција останува отворена за сите земји во регионот, но потенцира дека „тоа не е бесплатно возење. Таа бара вистинска определба и напори и бара лидерите да размислуваат и да дејствуваат на европски начин, наведува Филе.