Одбележување на Денот на Европа - 9 мај.

Денот на Европа 9.мај со повеќе манифестации ќе биде одбележан во Македонија, во организација на канцеларијата на Еу, амбасадите на членките на ЕУ и Владата. Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Фатмир Бесими ќе биде домаќин на средбата со поранешните вицепремиери за европски прашања,а ќе биде организаира и „ЕУ појадок“ на кој вицепремиерот Бесими и неговите поранешни колеги ќе имаат средба со амбасадорите од земјите-членки на ЕУ.
По повод денот на Европа и Денот на Победата ќе биде положено цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто, а граѓаните ќе може да ги посетат и Фестивалот на кратки филмови и изложбата на фотографии во Кинитеката ан Македонија
Денот на Европа ,9.мај,востановен е како ден на сеќавањето на декларацијата на францускиот министер за надворешни работи Роберт Шуман од 1950 година,што се смета за прв официјален чекор во настанувањето на денешната ЕУ.