Во Русија Свечености по повод Денот на победата.

Рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на традиционалната парада на Црвениот плоштад,што се организира по повод Денот на победата во 1945 година над нацистичка Германија во Втората Светска Војна. Над 11 000 војници, полицајци и кадети ќе земат учество во парадата во Москва која вклучува и учество на тенкови и ракети.
Капитулацијата на нацистичка Германија е потпишана во Берлин на 9 мај во 1945 година. Во војната што почна во 1939 година учествуваа 61 држава, а загинаа околу 60 милиони луѓе.