Николиќ -Албанците сакаат да го заборават договорот

Претседателот на Србија Томислав Николиќ изјави синоќа дека разговорите на преговарачките тимови на Белград и Приштина во Брисел се прекинати, затоа што албанскиот план е да го заборават договорот за нормализација на односите. Николиќа за државната телевизија на Србија изјави дека поради инсистирањето на албанците договорот меѓу Белград и Приштина да се толкува на нивен начин ќе се види дали Србија ќе ја изгуби можноста да добие датум за преговори со ЕУ.