Во Сирија повторно има интернет

Сириските национални телевизии и глобалните компании соопштија дека Сирија повторно има пристап кон интернет. Компаниите кои го мониторираат глобалниот интернет собраќај, како Гугл соопштија дека исклучувањето почнало синоќа, но дека интернетот повторно функционира во Сирија.
Експертите сметаат дека е речиси невозможно да се утврди што се случило доколку некој не ја презеде одговорноста.