Израелскиот премиер Нетанјаху во посета на Пекинг

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за време на посетата на Кина

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху пристигна во Пекинг каде ќе разговара со кинеските лидери за трговијата и за мировниот процес на Блискиот Исток. Нетанјаху веќе се сретна со премиерот Ли Кечијанг со кого присуствуваше на потпишувањето договори за воздушна соработка, агрокултурно истражување, наука и технологија. Претходно Нетанјаху изјави дека неговата влада стои цврсто зад соработката со кинеските компании и истражувачи институти. Петдневната посета на Нетанјаху на Кина започна во понеделникот во Шангај.