Мировници на ОН заробени на висорамнината Голан

Четворица мировници на ОН се заробени на висорамнината Голан во областа која ги дели Сирија и Израел. Бунтовничка група објави дека ги држи во заробеништво мировниците.
Мировната мисија на ОН соопшти дека неидентификувана вооружена група ги заробила четирите лица, сите од Филипини, вчера во близина на градот Џамла. Во тек се напори за нивно ослободување.
Ова е втор пат за два месеца невооружени посматрачи на ОН да бидат заробени во овој регион.