Француските трупи до јули ќе се повлечат од Таџикистан

Француските трупи во Душанабе кои вршеа поправка и одржување на авионите на НАТО на рутата од и во Авганистан ќе го напуштат Таџикистан до 1 јули. Таџикистанските новински агенции јавија дека француското министерство за одбрана ги информирало властите за одлуката. Францускиот контигент е стациониран на аеродромот во Душанабе од декември во 2001 година.
Според француското министерство, околу 11 илјади летови биле реализирани од Душанабе во Авганистан со поддршка на нивните војници, а околу 89 илјади НАТО војници и 14 500 тони на опрема биле пренесени на аеродромот.