Ердоган-израелскиот напад врз Сирија е неприфатлив

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави денеска дека израелскиот воздушен напад врз Сирија е неприфатлив. Говорејќи во Парламентот тој порача дека ниту еден изговор не може да ја опрвада операцијата. Според него, нападот му дава можност на сирискиот претседател Башар ал Асад да го прикрие масакрот на неговите противници.
Ердоган повторно ја повика меѓународната заедница да се мобилизира против убиствата од страна на режимските сили.