Алиев-спорот за Нагорно Карабах пречка за регионална интеграција

Азербеџанскиот претседател Илхам Алиев

Азербеџанскиот претседател Илхам Алиев изјави денеска дека нерешеното прашање за Нагорно Карабах претставува голема пречка за регионалната интеграција. Говорејќи на форум во Баку, Алиев рече дека Азербеџан сака да го врати територијалниот интегритет и да го реши прашањето во согласност со меѓународното право. Азербеџан и Ерменија се во спор за Нагорно Карабах повеќе од две децении.