Рекорден број имигранти во Германија

Во Германија во минатата година биле регистрирани рекорден број имигранти. Според Федералното биро за статистика, лани имало 13 насто повеќе имигранти во однос на 2011-та или нјамногу од 1995-та година. Најмногу имигранти имало од источна Европа и од земји од евро-зоната кои се погодени од кризата и од голема невработеност, како на пример, од Шпанија, Португалија, Италија и Грција. Сепак, најмногу доселеници во Германија во минатата година се регистрирани од Полска, над 170.000 и од Романија, над 110.000.