Расмусен: решение за името е можно

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен оцени дека решението на спорот меѓу Македонија и Грција за името е можно, доколку постои добра политичка волја. „Ние сме подготвени да почнеме пристапни преговори веднаш откако ќе биде најдено решение за прашањето за името. Според мое мислење, тоа не е невозможно“, изјави Расмусен за време на неговото сведочење во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, каде што се осврна врз актуелните состојби во регионот и во светот.