Медведев: сегашното вооружување на нивото на СССР

Рускиот премиер, Дмитриј Медведев изјави дека сегашното ниво на вооружување на војската на Русија е слично на вооружувањето на СССР кон крајот на Втората светска војна. Медведев зборуваше воочи одбележувањето на 9 мај –Денот на победата и завршувањето на Втората светска војна. Тој изјави и дека 75 проценти од оружјето што се користи сега ќе биде заменето со посовремено до 2020 година.