Молдавија: СЕ загрижен за новите законски измени

Советот на Европа изрази загриженост околу последните измени на битни закони во Молдавија. Претседателот на Советот, Торбјорн Јагланд рече дека последните измени се спротивни на Уставот на Молдавија и на европските стандарди за уставна правда. Јагланд посочи и дека е во прашање „кредибилитетот на европакиот пат на Молдавија“ и изрази особена загриженост во врска со законот кој овозможува парламентот да ги разрешува уставните судии и да ги менува изборните правила.