Сирија: САД не верува дека бил употребен гас

САД рекоа дека се „многу скептични“ дека сириските бунтовници употребиле хемиско оружје. Независната комисија за истрага се дистанцираше од изјавата на Карла Дел Понте дадена за една швајцарска телевизија дека жртвите и докторите кои ги третирале индицирале употреба на гасот сарин. Меѓународната волонтерска организација –Лекари без граници која работи во четири болници кои се под контрола на бунтовниците во Сирија, рече дека не сретнала пациенти кои страдале од употреба на хемиско оружје.