Расмусен-што побрзо да се спроведе договорот меѓу Србија и Косово

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен

Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фог Расмусен денеска изјави дека очекува што побрзо спроведување на бриселскиот договор меѓу Белград и Приштина. Според него, Алијансата ќе направи се што може да помогне. Расмусен изрече пофални зборови за српските и косовските лидери, потенцирајќи ја при тоа нивната решителност да дојдат до политичко решение.