ОН-нема јасни докази за хемиско оружје во Сирија

Главниот иследник на Обединетите нации Карла дел Понте

Истражувачкиот тим на ОН соопшти дека нема јасни докази дека двете страни во конфликтот во Сирија користеле хемиско оружје. Независната меѓународна комисија за истрага на Сирија соопшти дека не пронашла убедливи наоди за тврдењата.
Главниот иследник на Обединетите нации Карла дел Понте претходно изјави дека постоеле докази кои укажуваат оти сиријските бунтовници користеле хемиско оружје.