Сириските бунтовници негираат дека користат хемиско оружје

Жртва на хемиски напад во Сирија

Сириските бунтовници ги отфрлија тврдењата за употреба на хемиско оружје во граѓанската војна во земјата. Според нив, тие не поседувале ниту имале за цел да го употребуваат гасот сарин. Во меѓувреме, главниот иследник на Обединетите нации Карла дел Понте соопшти дека постоеле докази кои укажуваат оти сиријските бунтовници користеле хемиско оружје.
Според неа, потребна е дополнителна истрага да се утврди дали и силите на сирискиот претседател Башар ал Асад исто така користеле хемиско оружје.