Конференција на НАТО во Сплит

Во хрватскиот град Сплит денеска започна дводневна Конференција на НАТО, на која зад затворени врати дискутираат претставници на земјите-членки на Алијансата, како и делегации на ОН, ЕУ и ОБСЕ. Главни теми на Конференцијата се борбата против тероризмот и ширењето на оружјето за масовно уништување, како и придонесот на НАТО во контролата на вооружувањето.