Неизвесно одржувањето на опозицискиот протест во Москва

Местото на несреќата на плоштадот Болотнаја

Одржувањето на опозициските протести во Москва е неизвесно по несреќата на организаторот Максим Мелков. Полицијата соопшти дека 25 годишниот Мелков загинал кога звучник паднал врз него за време на подоготовките на протестот на плоштадот Болотнаја.
Според рускиот истражен комитет никакви активности не може да бидат одржани се додека не заврши истрагата за инцидентот. Кабинетот на московскиот градоначалник соопшти дека протестот ќе се одвива според планот.