Кина и Индија ја повлекуваат војската од спорната граница

Кина и Индија го започнале повлекувањето на нивните војници од спорната граница кај Химелаите. Индиските власти соопштија дека двете страни постигнале договор за заедничко повлекување на силите. Индија тврдеше дека чета на кинески војници на 15 април навлегла 10 километри на нејзина територија и дека таму поставила шатори. Од тогаш кинеските и индиските војници беа распоредени на 100 метри одалеченост.