Унгарија без толеранција за антисемитизмот

Унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан најави „нула толеранција“ за антисемитизмот. Според него, оваа појава е во пораст и во Европа и во неговата земја. Тој додаде дека тоа делумно било поради економската криза во Европската унија. Сепак, Орбан кој говореше на меѓународниот собир на евреите што вчера се одржа во Будимпешта не ја осуди крајнодесничарската партија Џобик како што од него побараа еврејските лидери. Во минатиот ноември еден од пратениците на оваа партија побара да биде составен список на проминентни евреи за да била заштитена националната безбедност на Унгарија.