Во Бангладеш судири меѓу демонстрантите и полицијата

Дака

Во главниот град на Бангладеш Дака денеска дошло до судири меѓу полицијата и демонстрантите при што најмалку 20 луѓе биле убиени, а над 50 повредени. Полицијата употребила солзавец и гумени куршуми за да ги растури протестите на кои исламистите барале построги закони против богохулство, вклучувајќи и смртна казна. До ова доаѓа по се поголемото незадоволство во јавноста откако во уривањето на една фабрика во близина на Дака пред две недели загинаа над 600 луѓе.