Вучиќ ќе го посети Косово на 12 мај

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ

Српскиот вицепремиер Александар Вучиќ најави дека на 12 мај ќе го посети Косово каде ќе разговара со претставниците на косовските Срби за спроведување на бриселскиот договор. Тој изјави дека неговата совест е чиста и дека го направил најдоброто што можел и се борел за интересите на неговиот народ. Вучиќ порача и дека ќе оди во Косово дури и ако го гаѓаат со домати, јајца и камења.
Тој при гостување во емисија на телевизијата Пинк најави дека пред неговата посета на Косово, на 7 мај во Белград повторно треба да пристигнат претставници на Србите од северниот дел на Косово на нови разговори со српските власти.