Иванов со порака за здравје, среќа и радост за Велигден

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска на сите православни верници им го честита големиот празник Христовото воскресение - Велигден. Тој на сите што го слават празникот им посака се најубаво, многу здравје, радост и среќа во животот. Да има многу добрини и убавини, изјави Иванов, кој присуствуваше на Светата Златоустова литургија во соборниот храм „Св.Климент Охридски“. Како што сме сложни и обединети овие денови, потенцира Иванов, така да бидеме и во државата, сите што живееме, за просперитет и успех на сите нас.
Иванов порача сите да се посветат на семјството, особено на децата. Да им даруваат многу љубов, радост и да им даваат многу надеж. Кога сме обединети, како што рече тој, можеме да ги совладаме сите предизвици со кои се соочуваме за добро на сите нас што живееме во Македонија.