Груевски им го честиташе Велигден на сите граѓани

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски денеска присуствуваше на утринската Свечена велигденска литургија што се одржа во црквата „Света Богородица – Каменско“ во Охрид, со која чиноначелствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Тој им посака многу среќа, здравје и успех на сите граѓани на Македонија, како од христијанска вероисповед, така и на сите останати, и порача Господ да им даде повеќе сила и мудрост за да можат да продолжат со успеси и со решавање на сите предизвици и да ги остварат своите лични цели.
Премиерот Груевски заедно со сопругата денеска е предвидено да ги посети и црквата „Свети Ѓорѓија“ во Струга, а утре ќе престојува во Вевчани каде ќе биде поставен камен-темелник на нова црква.