Пожар во канцелариите на казахстански медиуми

Пожар изби во деловен комплекс во Астана во зградата каде казахстанските државни медиуми имаат канцеларии. Противпожарните екипи успеале да го изгаснат пожарот кој предизвикал прекин во емитувањето програма на неколку ТВ канали со национална концесија, поради тоа што вработените морале да бидат евакуирани. За сега медиумите ќе емитуваат репризна програма додека не се санира штетата од пожарот.