Асад го посети државниот сиријски универзитет

Сиријските државни медиуми јавија дека претседателот Башар Ал Асад денеска го посетил државниот универзитет во Дамаск. Станува збор за втор јавен настап на шефот на државата во период од една недела. Медиумите јавуваат дека Асад присуствувал на свечена церемонија за поставување на нов споменик. Претседателот ретко се појавуваше во јавноста а на неговиот “Фејсбук” профил има фотографија од настанот, каде Асад се појавил опкружен со телохранители и негови подржувачи.