Вучиќ: Ако Уставниот суд е против договорот, Владата треба да поднесе оставка


Ако Уставниот суд на Србија се произнесе против договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, Владата треба да поднесе оставка бидејќи тоа ќе значи дека дејствувала спротивно Уставот, изјави српскиот вицепремиер Александар Вучиќ. “На сите треба да ни е јасно дека договорот е потпишан, прифатен и треба да се применува” изјави тој за весникот Ало. Според Вучиќ, роковите се куси, времето тече и Србите од Северно Косово треба да знаат дека цела Србија зависи од нив а не само српската Влада.