Сто и десет години од смртта на Гоце Делчев

Со панихида на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје денеска ќе бидат одбележани 110 години од загинувањето на идеологот на македонската револуционерна борба. Претставници на државниот врв, Собранието на РМ, локалната власт, научно-образовните и културните установи, партии и граѓански здруженија ќе положат цвеќе на гробот на Делчев, како и на неговиот споменик на плоштадот „Македонија“. Делчев беше убиен од турската војска на 4 мај 1903 година во селото Баница, на пат кон Сер.