Обама не планира испраќање американски војници во Сирија

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека не планира испраќање на пешадиска војска во Сирија. Обама при посетата на Коста Рика рече дека не гледа како испраќањето американски војници во земјата би било поволно за Сирија и за Соединетите американски држави. Доколку се утврди дека во Сирија се користи хемиско оружје, доказите ќе бидат презентирани пред меѓународната заедница, рече Обама.