Кери: САД посветени на заштита на слободата на печатот

американскиот државен секретар Џон Кери

По повод Светскиот ден на слободата на медиумите американскиот државен секретар Џон Кери изрази солидарност со независните медиуми во нивната борба против репресивните режими. „САД остануваат цврсто посветени на промовирање и заштита на слободата на печатот и на слободата на изразување низ целиот свет“, се наведува, меѓу другото во изјавата на Џон Кери.