Експлозија на автомобил бомба во Ирак

Најмалку пет луѓе загинале, а дваесетина биле ранети во експлозија на автомобил бомба пред една сунитска џамија во Рашидија, северно од Багдад, соопштија денеска ирачките власти. Бомбата експлодирала во текот на попладневната молитва. Досега никој не ја презеде одговорноста за нападот, но медиумите потсетуваат дека вакви напади често пати врши огранокот на Ал Каеда, познат под името Исламска држава Ирак.