Штефан Филе во Азербејџан

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска во Баку изјави дека Азербејџан мора да продолжи да ги остварува заложбите за демократија и почитување на човековите права. Тој изрази надеж дека претседателските избори во таа земја во октомври годинава ќе бидат фер и во согласност со стандардите на Европската унија. Филе во Баку имаше средби со претседателот Илхам Алиев и со лидерот на опозицијата Иса Камбар.