Бостон - Семејството потврди дека телото е на Тамерлан Царнаев

Официјални претставници на властите соопштија дека семејството поврдило дека телото на осомничениот за бомбашкиот напад во Бостон е на Тамерлан Царнаев. Портпаролот на Директоратот во Масачусетс изјави дека семејството на Царнаев ги преземало неговите посмрттни остатоци од Бостон.
Американските медицински испитувања ја потврдија официјално причината за смртта на Црнаев, но изјавија дека тоа не може јавно да биде објавено додека неговите остатоци не бидат преземени.
Царнаев беше застрелан во престрелка со полицијата на 19 април, четири дена по бомбашкиот напад во кој загинаа три лица а 264 беа ранети.
Неговиот помлад брат Џохар Царнаев беше приведен од полицијата на 19 април. Нивната мајка изјави дека обвинувањата против браќата етнички чеченци се лага.