Судири на турско-сириската граница

Камп на сириски бегалци на турската граница

Еден турски полицаец загинал, а 12 лица биле повредени при престрелката меѓу вооружени Сиријци и турски граничари во близина на турскиот граничен премин Акчакале. Градоначалникот на Акчакале Абдулхаким Ајхан изјави дека околу 1.000 Сиријци се обиделе да влезат во Турција преку граничниот премин без пасоши. Откако биле одбиени тие започнале да фрлаат камења и да ги палат објектите. Турските граничари го изгаснале огнот и кога мислеле дека нападот завршил, започнале жестоки истрели од сириска страна.Турската армија испратила дополнителни воени сили во регионот.