ОБСЕ со критика до Азербеџан за медиумите

Претставничката за слобода на медиуми на ОБСЕ, Дуња Мијатовиќ

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиуми Дуња Мијатовиќ упати критика до Азербеџан бидејќи не го исполнил ветеното дека земјата ќе изврши декриминализација на клеветата. Таа ја даде изјавата по повод утрешниот светски ден на слободата на медиумите во главниот град на Костарика, Сан Хозе.
Според неа, Баку ветил дека ќе ја декриминализира клеветата во 2006 година, но владата неодамна предложила амандмани кои се спротивни на тоа. Мијатовиќ порача дека е загрижена од предлогот за вклучување на сите он лајн извори во еден закон.