Судар на два патнички воза во Србија, 15 повредени

Началникот на секторот за вонредни состојби на белградската полиција, Сања Вуксановиќ-Жугиќ изјави денеска дека најмалку 15 патници биле повредени при судар на два патнички воза во тунел во белградската населба Тошин Бунар. Таа информира дека сите повредени се пренесени во болница и дека се уште се чека извештај за тежината на нивните повреди.
Како што јави Танјуг, несреќата се случила околу 13:30 кога возот што сообраќал на релација Белград - Нови Сад удрил во композиција што патувала од српскиот главен град кон Шид.