ОБСЕ-косовските власти да гарантираат слобода на медиумите

Шефот на ОБСЕ во Косово Жан Клод Шлумберже

Шефот на ОБСЕ во Косово Жан Клод Шлумберже ги повика косовските институции да гарантираат поголема слобода на медиумите. По повод утрешниот светски ден на слободата на медиумите, Шлумберже ги повика медиумите и цивилното општество во Косово да бидат поупорни во заштитата на слободата на изразувањето, напоменувајќи дека во земјата има новинари, подложени на притисок и тортура.
Според него, институциите треба да создадат средина, во која медиумите ќе можат да работат слободно и безбедно, без влијанија и мешање.