Пакистан-одложена одлуката за докторот кој и помогна на ЦИА

Шакил Африди

Пакистанскиот суд ја одложи одлуката за жалбата на докторот Шакил Африди, кој наводно и помогна на ЦИА да го пронајде поранешниот лидер на Ал Каеда Осама Бин Ладен. Неговиот адвокат Камар Надим изјави дека одлуката судот ќе ја соопшти на 13 јуни.
Тимот за одбрана на Африди смета дека 33 годишната затворска казна, која на нивниот клиент му беше изречена во минатата година е нелегална.