Грузија ќе учествува на олимписките игри во Сочи

Изградбата на олипискиот стадион во Сочи

Грузиските спортисти ќе учествуваат на зимските олимписки во Русија во наредната година. Претседателот на грузискиот олимписки комитет Лери Хабелов изјави денеска дека комисијата едногласно се изјаснила за учество на земјата на олимпијадата. Грузискиот премиер Бидзина Иванишвили претходно изјави дека Грузија мора да учествува на натпреварувањето.
Партијата на претседателот Михаил Сакашвили е за бојкот на игрите, бидејќи грузиските спортисти не треба да се натпреваруваат во земја која окупирала 20 проценти од нивната територија.